Владата се откажа од концесија на патарините

Bez autora
Dec 30 2010

Владата се откажа од идејата за давање под концесија на најфреквентните патарини во земјава откако анализите покажале дека е поисплатливо државата сама да ги модернизира. Ова следи по реакцијата на експертите кои сугерираа дека Владата сака да даде во приватни раце златна кокошка која годишно носи екстра-профит од наплата на патарините. Министерот за транспорт, Миле Јанакиески вчера најави дека патарините од Коридорот 10 ќе се модернизираат и ќе бидат целосно дигитализирани без какво и да е човечко влијание при наплатата. Планирано е модернизацијата на овие патарини и на наплатниот пункт Петровец да се реализира преку заем за што веќе е поднесена апликација за добивање финансиски средства. Според процените, дигитализацијата на патарините ќе чини околу 10 милиони евра...

Владата се откажа од концесија на патаринитеВладата се откажа од идејата за давање под концесија на најфреквентните патарини во земјава откако анализите покажале дека е поисплатливо државата сама да ги модернизира.

Ова следи по реакцијата на експертите кои сугерираа дека Владата сака да даде во приватни раце златна кокошка која годишно носи екстра-профит од наплата на патарините. Министерот за транспорт, Миле Јанакиески вчера најави дека патарините од Коридорот 10 ќе се модернизираат и ќе бидат целосно дигитализирани без какво и да е човечко влијание при наплатата. Планирано е модернизацијата на овие патарини и на наплатниот пункт Петровец да се реализира преку заем за што веќе е поднесена апликација за добивање финансиски средства. Според процените, дигитализацијата на патарините ќе чини околу 10 милиони евра.

- Се откажавме од концесионирање затоа што ги направивме анализите. Имавме повик за јавен интерес и видовме дека е најдобро државата сама да инвестира во делот на патарините - рече Јанакиески на вчерашната прес-конференцијата на која ги презентираше реализираните активности годинава.

Проект за гасификација, изградбата на патарини на Коридорите 10 и 8 ќе бидат приоритетни за Министерството за транспорт и врски во 2011 година. Јанакиески најави дека идната година е планирано и модернизирање на патничките возови и се преговара и со неколку меѓународни финансиски институции за обезбедување на потребните средства.

Министерот информираше дека идната година ќе продолжи и реализацијата на проектот за рехабилитација и реконструкција на регионалните и локалните патишта што се спроведува со Светска банка. 

Во однос на патната инфраструктура од Коридорот 10 почната е изградбата на патниот правец Табановце - Куманово, а се очекува тие да завршат кон средината на идната година. За патниот правец Демир Капија - Смоквица изготвен е изведбен проект кој е доставен до Европската комисија и се очекува кон почетокот на идната година тој да биде одобрен по што ќе почне постапката за избор на компанија. Годинава е изработена и физибилити студијата и идејните проекти за железничката делница Кичево- Лин, како и основниот проект за делницата Крива Паланка - Деве Баир.

Со донација од 500 илјади евра за консултант се изработува физибилити студија и процена на влијанието врз животната средина на Коридорот 10. Првите резултати се очекуваат во мај - април идната година, а целата студија треба да биде готова во октомври. По првичните резултати, како што посочи министерот Јанакиески, ќе се знае дали Европската банка за обнова и развој ќе влезе во овој проект.

Во однос на изградбата на железничката делница Битола - Кременица почната е постапка за подготовка на проектната документација, а се очекува до 2014 година таа да биде целосно завршена. 

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik